Светски првенства Фудбал

И Азија му кажа „НЕ“ на Џани Инфантино

Азиската фудбалска конфедерација и официјално ја одби иницијативата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за вклучување приватен капитал во најважните репрезентативни натпреварувања. Со овој чекор, Азија им се приклучи на УЕФА и КОНКАКАФ во заедничкиот фронт против формирањето на новата компанија преку која требаше да се управува со профитабилните турнири под закрила на светската куќа на фудбалот.

Од АФК истакнаа дека со голема загриженост ги следат случувањата и предупредија дека фудбалскиот свет се наоѓа пред невиден раздор. Во официјалното соопштение се нагласува дека самата можност во јавноста сериозно да се дискутира за бојкот на Светското првенство претставува алармантен сигнал за сите во спортот. Според Азиската конфедерација, ова е уште еден пример каде што клучните актери се соочуваат со готови решенија пред воопшто да бидат спроведени соодветни и суштински консултации.

Азиската куќа на фудбалот упати директен апел до ФИФА итно да ги преиспита своите механизми на одлучување и да ги врати сите процеси во статутарните рамки. Од АФК порачаа дека Мундијалот ѝ припаѓа на целата глобална фудбалска фамилија, поради што сите идни чекори мора да се носат заеднички и со целосен консензус на сите членки, а не преку форсирање приватни инвестициски модели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.