Меѓународен фудбал Фудбал

Хулијан Алварез спрема „бегство“ од Мадрид?

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез наводно веќе бара излез од Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека неговите агенти интензивно кокетираат со други екипи. Како главни можни дестинации се издвојуваат Барселона, Арсенал и Пари Сен Жермен, кои веќе биле контактирани за евентуален трансфер на одличниот голгетер.

Сепак, раководството на „јорганџиите“ нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода постави астрономска цена од најмалку 100 милиони евра. Оваа сума претставува сериозна пречка за заинтересираните страни, особено за Барселона на која итно и треба замена за Левандовски, додека Арсенал и ПСЖ веќе имаат свои скапо платени офанзивни арсенали и специфична динамика во нападот.

По сè изгледа, желбата на играчот за заминување е голема, па претстојното лето нè очекува исклучително тешка, скапа и неизвесна трансфер сага.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести