Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата започнува ново поглавје во кариерата, но овојпат надвор од терените. Австралискиот клуб Мелбурн Виктори потврди дека искусниот фудбалер станува еден од акционерите на клубот. Мата пристигна во Мелбурн минатото лето и зад себе има одлична сезона, во која постигна пет погодоци и запиша 13 асистенции на 25 натпревари, што му ја донесе и наградата за најдобар играч во А-лигата за сезоната 2025/26.
Шпанецот веќе има искуство со спортски инвестиции, бидејќи поседува удели во американскиот Сан Диего од МЛС, како и во Формула 1 тимот Алпин Рејсинг. Според него, австралискиот фудбал има голем потенцијал, а влегувањето во сопственичката структура на Мелбурн Виктори е логичен чекор по позитивното искуство што го имал во клубот.
Во својата богата кариера, Мата беше светски шампион со Шпанија во 2010 година, европски првак во 2012, а на клупски план освои бројни трофеи со Валенсија, Челзи, Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе.

