РК Еурофарм Пелистер од Битола ја информира јавноста дека го осигура потписот на младиот и суперталентиран хрватски репрезентативец, Диего Басанесе. Овој 18-годишен ракометар, кој игра на позицијата десен бек, доаѓа во Македонија со одлични препораки од хрватската ракометна критика и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција.
Пред да се пресели во Битола, Басанесе со голем успех ги бранеше боите на екипата на Умаг. Тој е редовен член на кадетската и младинската репрезентација на Хрватска, а неговиот квалитет најдобро дојде до израз на Медитеранските игри, каде што блесна на теренот и успеа да се врати со медал.
Младиот десен бек потпиша четиригодишен договор со битолскиот клуб. Официјалната промоција на Басанесе и неговото претставување пред јавноста ќе се случи на самиот почеток на подготовките на екипата за новата натпреварувачка сезона 2026/27.

