Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Хрватскиот селектор Далиќ со огромна почит кон Хари Кејн и Англичаните

Хрватскиот селектор Златко Далиќ испрати сериозно предупредување до своите фудбалери пред мундијалскиот меч против Англија во Далас, посочувајќи го Хари Кејн како најголема закана по нивниот гол. Кејн доаѓа на шампионатот во застрашувачка форма со 61 гол зад себе изминатава сезона.

„Англија го има најдобриот напаѓач на светот. Кејн може да направи пекол на теренот и мораме да бидеме максимално подготвени“, изјави Далиќ.

Главна поткрепа за Хрватите и на овој турнир ќе биде неуништливиот 40-годишен капитен Лука Модриќ, кој вечерва од 21:00 часот ќе го забележи својот 199. настап за националниот тим. Далиќ потенцираше дека Модриќ е неговата „десна рака“ и идеален пример за младите играчи во тимот.

Иако Хрватска бележеше фантастични успеси на претходните два Мундијала, селекторот порача дека тимот не смее да живее во минатото, туку фокусот мора да биде на сегашноста каде примарна цел е успешно да се помине групната фаза.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.