Меѓународен фудбал Фудбал

Хрватскиот репрезентативец Јосип Шутало е ново засилување за Лацио

Хрватскиот дефанзивец Јосип Шутало во претстојната сезона ќе ги брани боите на Лацио. По три години минати во Ајакс и 108 одиграни натпревари, хрватскиот репрезентативец реши да ја промени средината и пристигнува во Рим на едногодишна позајмица.

„Небесно-сините“ му платија три милиони евра на клубот од Амстердам за едногодишниот престој на стоперот. Договорот содржи и клаузула за целосен откуп следното лето за 7,5 милиони евра, како и 10 проценти од следниот иден трансфер.

Ангажманот на Шутало доаѓа по катастрофалниот старт на сезоната за тимот предводен од Џенаро Гатузо. Лацио претрпе шокантно испаѓање од Купот на Италија, откако на домашен терен во Рим претрпе неочекуван пораз од Мантова со 2:0.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.