Кристијан Хорнер и Адријан Њуи со години беа неразделни архитекти на шампионскиот Ред Бул во Формула 1. Сепак, откако Хорнер доби отказ во јули 2025 година, а Њуи премина во Астон Мартин, нивното кумство и долгогодишно пријателство целосно пукнаа.
Во својата автобиографска книга „Drive“, поранешниот шеф на Ред Бул отворено го обвини Њуи дека го предал во најтешкиот момент.
„Секогаш му го чував грбот, верувајќи дека и тој го чува мојот. Меѓутоа, при првиот проблем, Адријан посака да го напушти бродот. Се почувствував исклучително тажно поради тоа. Не можев да се потпрам на него и партнерството веќе не беше толку цврсто како што верував претходно.“
Хорнер исто така откри дека раководството на Ред Бул му врачило ненадеен отказ и покрај тоа што сите обвинувања против него беа отфрлени, а имаше важечки договор на уште шест години.
„Никогаш не добив јасно објаснување освен тоа дека чувствувале дека настапот на екипата ослабнал. Кога имав уште шест години од договорот, ми беше кажано дека чувствуваат оти ова станало моја екипа, а не на Ред Бул.“

