Дмитро Горига го очекува возбудливо лето пред неговата официјална преселба во редовите на ПИК Сегед. По успешната сезона во Вардар, Украинецот привремено заминува на Блискиот Исток како позајмен играч.
Тој ќе го облече дресот на саудискиот клуб Ал-Калиџ за претстојниот азиски турнир во Кувајт. Овој турнир ќе се одржи во јуни и нуди пласман на Светското клупско првенство.
Штом заврши оваа кратка азиска авантура, левиот бек официјално ќе им се приклучи на Унгарците. Горига веќе потпиша договор со унгарскиот гигант за претстојната натпреварувачка сезона.
Ракометарот зад себе остава одлични резултати во Скопје со освоена двојна круна со тимот на Вардар.

