Хјустон Рокетс продолжи со одличниот старт на новата НБА-сезона, откако на гостувањето кај Атланта Хокс славеше со 121:114 и ја запиша третата победа во исто толку натпревари. Кевин Дурант беше предводник на гостинскиот тим со 22 поени, додека Рид Шепард и Тари Исон постигнаа по 19 поени. Значаен придонес имаа и Алперен Шенгун и Амен Томпсон, кои завршија со по 17 поени, при што Шенгун додаде 10 скока, а Томпсон 11. Хјустон во еден момент имаше предност од 20 поени, но домашниот состав не се предаде и во завршницата успеа да ја намали негативата на само пет поени.
Сепак, Дурант остана сигурен кога беше најпотребно и со погодени слободни фрлања во последните секунди го осигури триумфот на својот тим. Кај Атланта најдобар беше Џејлен Џонсон со 26 поени, 16 асистенции и девет скока, додека Никел Александер-Вокер додаде 18 поени. Слабата реализација за три поени, со само 12 погодени шута од 45 обиди, се покажа како еден од клучните проблеми за Хокс. Со овој триумф, Хјустон го потврди одличниот почеток на сезоната, додека Атланта го претрпе првиот пораз по двете почетни победи.

