Хјустон забележа важна победа на домашен терен против Денвер со 110:100, прекинувајќи ја серијата од два последователни порази. Домаќините уште од самиот почеток наметнаа висок ритам, ја добија првата четвртина со 32:24, а во вториот период стигнаа и до предност од 19 поени. Сепак, Денвер не се предаде и предводен од Никола Јокиќ и Џамал Мареј успеа да се врати во натпреварот, па во третата четвртина го израмни резултатот на 60:60. Хјустон одговори со цврста игра во одбраната и повторно ја презеде контролата, влегувајќи во последниот период со предност од девет поени.
Кевин Дурант беше најефикасен кај победничкиот состав со 23 поени, 12 скока и осум асистенции, додека Алперен Шенгун оствари идентичен учинок во скоковите и асистенциите, со 20 поени. Џамал Мареј одигра одличен натпревар за Денвер и постигна 38 поени, но неговиот учинок не беше доволен за пресврт, а Никола Јокиќ запиша 25 поени, 16 скока и девет асистенции. Во неизвесната завршница Рокетс беа посигурни, со неколку важни тројки на Рид Шепард, Џабари Смит Џуниор и Фред Ванвлит, за конечен триумф од 110:100.

