Екипата на Хјустон Рокетс, во четвртиот натпревар од серијата против Лејкерс дојде до првата победа, славејќи на домашен терен со 115:96. Кај „Рокетси“ недостасуваше Дурант, но тоа не ги спречи да дојдат до прва победа, затоа што целата стартна петорка беше расположена и заврши со двоцифрени поени.
Томпсон постигна 23 поени за домашната екипа, додека Ејтон кај гостите запиша 19 поени. Леброн иако игра одлично во оваа серија, вечерва беше под нивото и постигна само 10 поени.
Бостон со убедлива победа на гости против Филаделфија со резултат 96:128, поведе во серијата со 3-1 и е на чекор од пласман во полуфиналето на Источната конференција. Кај гостите Причард постигна 32 поени, а го следеше Тејтум со 30 поени, додека кај Филаделфија Ембид постигна 26 поени, надополнети со 10 скокови.
И Сан Антонио дојде до убедлива победа на гостувањето кај Портланд со 93:114 и дојде на чекор од пласман во полуфиналната серија, поведувајќи со 3-1. Фокс постигна 28 поени, а го следеше Вембенјама со 27 поени во победничката екипа, а Авдија дојде до бројката од 26 поени кај Портланд.

