Екипата на Шкендија со минимална негатива од 2:1 се враќа од гостувањето кај Хибернијан во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на конференции. Тетовскиот тим одигра храбро во второто полувреме и беше на чекор до позитивен резултат, но домашниот состав стигна до победата со погодок во самиот финиш од средбата.
По првиот дел во кој мрежите мируваа, домаќините поведоа во 73. минута со голот на Елдинг. Меѓутоа, реакцијата на Шкендија беше брза и експресна, само три минути подоцна нововлезениот Марко Ѓорѓиевски со прецизен удар донесе израмнување на 1:1. Сепак, кога се чинеше дека македонскиот претставник ќе избегне пораз, во 90. минута по една мешаница од корнер, О’Хора го искористи одбитокот и од непосредна близина донесе триумф за Шкотите.
И покрај болниот завршеток, Шкендија покажа дека има квалитет за рамноправна борба и ja зачува надежта за пласман во плејофот пред реваншот во Скопје.

