Кошарка Меѓународна кошарка

Хезоња емотивно: Дојде моментот да го напуштам мојот дом

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња и официјално го потврди заминувањето од Реал Мадрид, објавувајќи емотивно проштално писмо до клубот, соиграчите и навивачите. По неколкунеделните преговори и краткиот застој околу активирањето на излезната клаузула, 31-годишниот кошаркар договори едногодишна соработка со Кливленд Кавалирс во вредност од 2,8 милиони долари, со што по шест години се враќа во најсилната лига во светот.

Хезоња се осврна на четирите незаборавни години поминати во Мадрид, каде што изгради посебна врска со фановите и освои сè што можеше да се освои, европска титула во 2023 година, две шампионски круни во Шпанија, два Суперкупа и еден Куп на кралот, напуштајќи го тимот како МВП на АЦБ лигата. Иако имаше важечки договор со „кралевите“ до 2029 година и поголема финансиска понуда на маса, Хезоња одлучи да го следи својот сон за нов НБА предизвик, изразувајќи му посебна благодарност на раководството предводено од Флорентино Перез.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.