Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Херојската борба во Финска недоволна за Вардар: КуПС патува во второто коло од ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Вардар покажа огромна борбеност во Финска, но сепак е елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ изборија продолженија со триумф од 2:0 во регуларниот дел. На крајот славеа со недоволни 3:2 против домашниот КуПС. Финскиот тим патува понатаму со вкупни 4:3 поради победата во Скопје.

Тренерот Фабиани поради суспензии и повреди мораше да го смени составот и да заигра поофанзивно во формација 3-4-2-1. По неколку пропуштени шанси, Вардар поведе во 59-та минута со автоголот на Саивонен. Во самиот финиш, Горан Закариќ реализираше пенал по ВАР-интервенција за големо водство од 2:0.

Вистинска драма се случуваше во дополнителните триесет минути. Домаќините први намалија преку Армах во 100-та минута од мечот. Само две минути подоцна, резервистот Пулејо зголеми на 1:3 по асистенција на искусниот Закариќ.

Сепак, трагичар на крајот беше токму Пулејо кој направи пенал во финишот на првото продолжение. Паржишек беше прецизен од белата точка за конечни 2:3 и пласман на Финците во следната рунда.

Вардар сега европскиот пат го продолжува во квалификациите за Конференциската лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.