Меѓународен фудбал Фудбал

Хари Кејн има луда идеа, сака истовремено да игра во МЛС и НФЛ!

Иако доминира во дресот на Баерн Минхен и се наоѓа пред потпис на нов договор со баварскиот гигант, Хари Кејн веќе крои нови планови за доцната фаза од кариерата. Првиот стрелец во историјата на англиската репрезентација откри помалки и чудна идеа, во иднина да направи историски преседан и да настапува во американската МЛС лига, додека паралелно гради кариера како кикер во НФЛ!

Капитенот на „Гордиот Албион“, кој е познат како страствен љубител на американскиот спорт, признава дека желбата да ја замени округлата со јајцевидна топка станува сè пореална опција за разлика од неговата друга страст, голфот. Со оглед на тоа што календарите на МЛС и НФЛ се поклопуваат на таков начин што овозможуваат комбинирање, Кејн верува дека неговите шутерски вештини и психолошката стабилност под притисок совршено преоѓаат од фудбалот на американските терени.

„Тоа е нешто на кое сакам посериозно да му се посветам. Сè зависи од тоа како ќе се одвива мојата кариера во наредните пет или шест години. Доколку во иднина се преселам во МЛС лигата, тогаш тоа би била идеална можност да ги спојам двата спорта поради распоредот на сезоните. Изведувањето пенали и шутирањето ‘филд-гол’ носат речиси идентичен притисок и бараат слична техника. Сепак, доколку се одлучам за таков потег, тоа ќе го сфатам максимално сериозно и ќе посветам до една година само на тренинзи пред да го направам официјалниот обид“, открива Кејн.

Транзицијата од класичен фудбал во НФЛ не е непозната територија, најдобар пример е Брендон Обри, актуелниот кикер на Далас Каубојс кој пред само неколку години играше професионален фудбал за Торонто. Сепак, напаѓачот ги смирува навивачите на Баерн, истакнувајќи дека ова е долгорочен бизнис-план за иднината, бидејќи во овој момент тој сè уште игра на врвно ниво и планира што подолго да остане на европскиот фудбалски крем.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.