Џејмс Харден ја отвори можноста еден ден својата богата кариера да ја продолжи во Европа. Ѕвездата на НБА лигата призна дека особено го привлекува идејата за живот и кошарка во Шпанија. Харден моментално со Кливленд се наоѓа во Малага, каде тимот се подготвува за новата сезона. Запрашан дали во иднина би размислувал за настап во Европа, 37-годишниот кошаркар одговори:
„Би сакал. Шпанија е едно од најубавите места на светот. Бев во Барселона и Мадрид и тие места се неверојатни. Секогаш кога доаѓам овде, искуството е одлично. Го обожавам ова место“, изјави Харден.
Иако не спомена конкретен клуб и не најави заминување од НБА, неговата изјава веднаш отвори простор за шпекулации за евентуална европска авантура во иднина. Реал Мадрид и Барселона логично се издвојуваат како потенцијални дестинации доколку Харден некогаш реши да заигра во Евролигата. Поранешниот МВП на НБА во моментов е фокусиран на Кливленд и на својата 18. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

