Кошарка Меѓународна кошарка

Харден не брза со потпис, Кливленд готви нови засилувања на крилната позиција!

Иако сè уште е слободен агент, останувањето на Џејмс Харден во Кливленд Кавалирс не е доведено во прашање. Искусниот бек летово одби играчка опција од 42,3 милиони долари за да му остави финансиски простор на тимот за маневрирање, а двете страни во моментов преговараат за долгорочна соработка.

Кавалирси дополнително ја зголемија флексибилноста со трејдот на Денис Шрудер во Шарлот за Тре Мен, а нивни основни мети за засилување на крилните позиции се Пејтон Вотсон и Џонатан Куминга. Харден, кој пристигна во Охајо во февруари во замена за Дариус Гарланд, го предводеше Кливленд до финалето на Источната конференција, каде што беа поразени од подоцнежниот шампион Њујорк Никс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.