Во таборот на Уругвај владее тотален хаос, и тоа во најлошиот можен момент. Само неколку часа пред големото дерби против Шпанија, внатрешните тензии ескалираа во отворен бунт на фудбалерите против селекторот Марсело Биелса. Според информациите кои протекоа во јавноста, играчите, Рочет, Угарте, Бентанкур и Валверде, свикале итен состанок со Бјелса за да го изразат своето огромно незадоволство од неговите методи.
Главната причина за незадоволството е бруталниот интензитет на тренинзите. Фудбалерите сметаат дека физичките оптеретувања се апсолутно претерани и тврдат дека неколку нивни соиграчи заработиле повреди токму поради ваквиот ригорозен начин на работа.
Сепак, вистинскиот пожар избил кога на маса дошла тактиката за Шпанците, каде играчите предложиле да се игра во низок блок и шансата да се бара преку брзи контранапади, додека, Биелса, тврдоглаво инсистирал на својата филозофија. Селекторот дури 48 минути ја бранел својата замисла.Ситуацијата дополнително се вжештила откако неколку фудбалери револтирано станале и го напуштиле состанокот. Хозе Марија Хименез се обидел да ги смири и да ги запре, но безуспешно.
Уругвај буквално „гори“ одвнатре. Останува да видиме дали овој брутален судир на егата ќе ги уништи на теренот, или пак инаетот ќе ги обедини против Шпанија.

