Ракометниот клуб Младост Богданци 1977 со низ критики по завршувањето на натпреварот во Скопје, одигран против екипата на Драчево, каде тимот одигра нерешени 27-27. Тимот најави повлекување од натпреварувањето, според, како што соопштија поради судиски грешки и недоследности на нивниот последен натпревар.
Иако остануваат уште три кола до крајот и тимот е на безбедната втора позиција која води во бараж-натпревар за Супер лигата, сепак, како што велат од Богданци, ќе го преиспитаат своето понатамошно учество.
„РК Драчево – РК Младост 1977 27-27(11-16) !Нашиот тим денес одигра само нерешено во Скопје против РК Драчево.Иако во целиот натпревар нашиот тим ја имаше контролата на натпреварот по неколку сомнителни судиски одлуки во текот на мечот особено во последните 15 секунди кога домакините ја изгубија топката и од страна на судиската двојка беше досуден непостоечки прекршок за домакините и со тоа беше спречена чиста наша контра за гол и победа.РК Младост 1977 сите овие години работи чесно градејќи го тимот со многу вложување и многу работа освен во сениорите и во младите категории во Југоистокот и нема да дозволи во ниту еден случај да биде дел од оваа денешна голема неправда.Се надеваме дека РФМ ќе проработи на оваа денешна неправда, а РК Младост 1977 во текот на следна недела ќе донесе и официјална одлука дали воопшто ќе го продолжи првенството понатаму“ соопштија од клубот.

