Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос во Милано: Обезбедувањето го бранеше Ибрахимовиќ од бесните фанови!

Италијанскиот фудбалски гигант се соочува со една од најдлабоките кризи во поновата историја, откако финишот на сезоната на „San Siro“ се претвори во вистинска катастрофа за клупските амбиции.

По шокантниот пораз од Калјари (2:1), Милан дефинитивно испушти пласман во Лигата на шампионите и следната сезона ќе игра во Лига Европа, додека визата за елитата на нивна сметка ја грабна Комо на Сеск Фабрегас. Овој дебакл предизвика невиден гнев на трибините. Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“, сопственикот Гери Кардинале и легендарниот Златан Ибрахимовиќ беа испратени со жестоки навреди, а обезбедувањето морало веднаш да го евакуира Ибрахимовиќ до клупскиот паркинг за да се спречи посериозен инцидент.

Единствен кој излезе пред медиумите беше тренерот Масимилијано Алегри, кој ја критикуваше очајната игра во дефанзивата. По овој крах, на „росонерите“ им претстои комплетен ремонт бидејќи трпението на фановите е целосно потрошено.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.