Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

ХАОС ВО МЕКСИКО СИТИ! Протести и судири го загрозуваат премиерниот меч на Мундијалот

Свеченото отворање на Светското првенство и премиерниот дуел меѓу Мексико и Јужна Африка се најдоа под сериозен безбедносен ризик. Мексиканската престолнина е блокирана од масовни социјални протести, кои ги кренаа организаторите на нозе пред самиот старт на турнирот.

Главниот хаос го предводат просветните работници од синдикатот „ЦНТЕ“, кои ги блокираа клучните сообраќајници околу култниот стадион „Азтека“. Во неколку наврати дојде и до директен судир со полицијата, а на наставниците им се приклучија земјоделци и здравствени работници кои бараат повисоки плати и социјални реформи. Демонстрантите се децидни дека без договор со власта, нема да дозволат мирен настан и најавуваат марш кон стадионот пред самиот почеток на мечот, вечерва од 21:00 часот по европско време.

Кабинетот на претседателката, Клаудија Шејнбаум, се обидува да ја смири меѓународната јавност, гарантирајќи дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво, за што веќе се подготвуваат алтернативни сообраќајни коридори до стадионот. Паралелно, вонредни мерки се спроведуваат и во Тихуана, каде Националната гарда деноноќно го чува стадионот „Калиенте“, каде во моментов е стационирана репрезентацијата на Иран.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.