Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос во Германија, навивачки пресметки меѓу фановите на Палас и Рајо!

Германскиот град Лајпциг, кој денеска е домаќин на големото финале во Лигата на конференции, за жал ја почувствува и потемната страна на фудбалот по инцидентите што се случија меѓу навивачите на двата тима. Локалните власти веднаш реагираа по првите тензии на улиците за да спречат уште поголеми немири во пресрет на празникот на фудбалот.

Локалните безбедносни сили во Лајпциг соопштија дека веќе се приведени две лица по вчерашните жестоки улични судири меѓу навивачките групи на Кристал Палас и Рајо Ваљекано. Инцидентите брзо се проширија низ социјалните мрежи преку видеоснимки, по што полицијата експресно интервенираше, ги отстрани сите инволвирани хулигани од тој дел на градот и изврши првични апсења. За време на овие немири, двајца полициски службеници заработиле полесни телесни повреди.

Според полицискиот извештај, до хаосот дошло кога поголема група од околу 300 шпански навивачи нападнала симпатизери на англискиот тим кои во тие моменти престојувале во летна тераса на еден ресторан, при што летале стаклени шишиња, чаши и инвентар. Набрзо потоа, органите на редот морале да реагираат и во втора помала пресметка, каде што околу шеесет навивачи на Кристал Палас иницирале нови провокации кон противничкиот табор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.