Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Хаос во Франција по елиминацијата од Шпанија, повеќе од 160 уапсени!

Поразот на Франција од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство предизвика нереди во неколку француски градови, а според локалните власти, во текот на ноќта биле приведени повеќе од 160 лица. Најмногу инциденти имало во Париз, каде што полицијата уапсила 141 лице поради напади со пиротехнички средства кон безбедносните служби и екипите на итната помош.

Тензично било и во Лион, каде што по завршувањето на натпреварот дел од навивачите почнале да фрлаат пиротехника и други предмети кон полицијата. Безбедносните сили брзо реагирале и привеле околу дваесетина лица, по што толпата била растерана. Според француските власти, во инцидентите нема потешко повредени ниту е регистрирана поголема материјална штета. Франција со поразот остана без шанса да се бори за светската титула, додека Шпанија обезбеди место во големото финале.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.