Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос во Билбао: Играчите го бојкотираат клубот, Атлетик тоне на дното!

Атлетик Билбао се соочува со сериозна криза, и тоа не само поради лошиот старт на сезоната. По првите две кола во Ла Лига, баскискиот гигант е без бодови и има постигнато само еден гол, но вистинскиот проблем се случува зад сцената. Фудбалерите на првиот тим решија да ги бојкотираат медиумите, како јасен знак на незадоволство кон раководството предводено од претседателот Јон Уријарте.

Причината за најновата ескалација е одлуката на клубот да ги укине бесплатните влезници што играчите со години ги добиваа за своите семејства и пријатели. Наместо шест бесплатни билети за домашните натпревари на „Сан Мамес“, сега тие можат да купуваат влезници по повластени услови. Сепак, ова е само последната капка. Управата веќе извесен период спроведува политика на намалување на трошоците, при што кратењата ги опфатија првиот тим, младинскиот погон и вработените во клубот.

Капитените се обиделе да најдат решение преку разговори со раководството, но без успех. Незадоволството кулминирало по поразот од Барселона (2:0), кога целата екипа одбила да даде изјави за медиумите. Бојкотот може да му создаде и дополнителни проблеми на клубот, бидејќи играчите имаат обврски кон телевизиите и медиумите кои плаќаат за преносните права.

Атлетик, клуб кој заедно со Реал Мадрид и Барселона никогаш не испаднал од шпанската елита, моментално се наоѓа во непријатна ситуација. Ако конфликтот меѓу соблекувалната и управата продолжи да се продлабочува, кризата би можела да добие уште посериозни размери.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.