Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Хаос во Атланта: Се тепаа Аргентинци меѓу себе, а не со Англичаните

Тензијата пред вечерашниот полуфинален мундијалски дуел меѓу Англија и Аргентина го достигнува врвот. Локалните власти во Атланта презедоа максимални мерки за безбедност на улиците. Тие стравуваа од можни жестоки судири меѓу двете спротивставени навивачки групи.

Сепак, пред натпреварот се случи голем инцидент во кој воопшто немаше Англичани. Наместо тоа, на улиците физички се пресметаа самите Аргентинци. Жестоката масовна тепачка се случила синоќа во центарот на градот.

На социјалните мрежи веднаш се појавија вознемирувачки снимки од нередите. Во судирот учествувале навивачите на лутите аргентински ривали Сан Лоренцо и Уракан. Овие две групи имаат историско непријателство во домашниот шампионат.

Хулиганите во тепачката користеле канти за отпадоци, автомобилски гуми, стаклени шишиња и столчиња. На крајот морала да интервенира полицијата за да ги раздвои завојуваните страни. Сè уште нема официјални информации за повредени или уапсени лица.

Аргентинската полиција веднаш соопшти дека тесно соработува со американските власти. Сите идентификувани навивачи кои учествувале во нередите ќе добијат доживотна забрана за влез на стадионите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.