Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос во Атина пред мечот меѓу Панатинаикос и Борац Бања Лука (ВИДЕО)

Ноќта пред натпреварот меѓу Панатинаикос и Борац Бања Лука во рамките од 1. коло во Конференциската лига, во самиот центар на Атина избија сериозни инциденти во кои беше повреден еден полицаец, а 11 навивачи на гостинскиот клуб завршија зад решетки.

Според грчките медиуми и полициските извештаи, група од околу 150 навивачи на Борац се собрала во близина на нивниот хотел во раните утрински часови, го блокирала сообраќајот и носела каменици, факели и метални шипки. По појавувањето на специјалните полициски патроли, хулиганите започнале физички напад врз службените лица и присутните минувачи.

Полицијата морала брзо и тактички да интервенира за да спречи уште поголема ескалација, при што 11 лица биле уапсени, а дополнителни 12 биле приведени на разговор во склоп на истрагата.

Покрај хоспитализираниот полицаец, пријавена е и материјална штета на полициската опрема, како и искршени прозорци, маси и столици во дворот на хотелот. Заплетени се четири метални шипки и еден факел, а против уапсените 11 лица е покрената постапка и тие ќе бидат изведени пред дежурен обвинител.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.