Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос пред Мундијалот: Навивачите остануваат без визи, билетите прескапи и за Канаѓаните

Иако Светското првенство во САД, Мексико и Канада сè уште не е започнато, организацијата веќе се соочува со сериозни проблеми. Голем број фанови мака мачат со бирократските пречки околу визите, додека енормните цени на влезниците се причина за полупразни стадиони.

Стотици марокански навивачи, кои претходно без проблем патуваа во Русија, Катар и Париз, овојпат беа одбиени за американска виза без никакво образложение. Ова предизвика огромен револт бидејќи фановите веќе потрошиле илјадници долари за билети и скапо хотелско сместување. Слична, но уште побизарна судбина доживеаја и шкотските навивачи. Нивните визи првично беа одобрени уште во декември, за пред само неколку дена статусот на нивната апликација ненадејно да биде променет во „одбиено“.

Од друга страна, ФИФА се соочува со жестоки критики од домашната публика поради прескапите влезници. На помалку од една недела пред првите натпревари во Торонто и Ванкувер, капацитетите сè уште не се распродадени. Канаѓаните масовно се откажуваат од присуство на стадионите бидејќи најевтината карта за премиерниот дуел на нивната репрезентација против Босна и Херцеговина чини неверојатни 1.000 канадски долари, што за обичните навивачи претставува чист грабеж и навреда за фудбалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.