Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Хаос на Мундијалот: Јапонците бесни на условите во Мексико, експресно ја спакуваа опремата и пребегаа во САД!

Организациските пропусти на Светското првенство продолжуваат да прават главоболки, а најновата жртва е селекцијата на Јапонија. Незадоволни од катастрофалните услови кои ги дочекаа на самиот старт, челниците на јапонската репрезентација донесоа радикална одлука експресно да го напуштат својот камп во Мексико и во остатокот од шампионатот да се стационираат на тлото на Соединетите Американски Држави.

Главната причина за ваквиот револт кај популарните „Самураи“ е очајната тревната подлога во Монтереј, која не ги исполнувала ниту основните професионални стандарди за тренинг. Поради страв од повреди и неможност за нормална тактичка подготовка, Јапонците ја напуштија првобитната база и веќе се преселија во Нешвил, каде што ќе ги финализираат плановите за мундијалските искушенија.

Оваа ненадејна преселба комплетно им ја расипа првичната логистика. Јапонија свесно го избра Монтереј како своја куќа бидејќи два од трите натпревари во групата ги игра на стадионот на Далас Каубојс – првиот против Холандија на 14 јуни и третиот против Шведска на 26 јуни. Иако географската оддалеченост од Далас до Монтереј и Нешвил е слична, сепак планот на Азијците беше да останат во Мексико бидејќи токму таму, на 21 јуни, ќе се соочат со селекцијата на Тунис.

Со овој потег, Јапонија стана само уште една во низата репрезентации кои јавно го кренаа гласот и упатија жестоки критики до организаторите за лошите услови на овој планетарен собир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.