Меѓународен фудбал Фудбал

Хаос и драма во Азија, масовна тепачка и тежок нокаут на дуелот меѓу Ал Ахли и Јохор (ВИДЕО)

Четвртфиналниот дуел од азиската Лига на шампиони остана во сенка на застрашувачки инцидент, откако фудбалерот на гостите од малезискиот тим Јохор, Жаиро да Силва остана без свест по брутален старт со „ножички“ од страна на Али Мајраши. Несреќниот момент предизвика општ хаос на теренот, каде, додека едни играчи физички се пресметуваа, капитенот Начо Инса револтирано сам ја грабна носилката од медицинските екипи за побрзо да му помогне на својот соиграч. Трагичарот Мајраши, кој претходно си постигна автогол, заработи црвен картон и го напушти теренот во солзи и со неверување по ужасната повреда на противникот.

Иако натпреварот беше прекинат поради грозните сцени, саудискиот гигант Ал Ахли успеа да слави со 2-1 и да обезбеди пласман во полуфиналето благодарение на погодоците на Франк Кесие и Галено. За победничкиот тим цели 90 минути одиграа и светските ѕвезди Ријад Марез, Едуар Менди и Ајван Тони. Првичните информации од Саудиска Арабија сепак носат смирувачки вести, потврдувајќи дека состојбата на Жаиро Да Силва е стабилизирана и тој е надвор од животна опасност по деталните лекарски прегледи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести