Авто-мото Други спортови

Хамилтон разочаран: По претекнувањето на Верстапен сè тргна во погрешна насока!

Луис Хамилтон го истакна своето разочарување од конечниот исход на Големата награда на Унгарија, наведувајќи дека неговата трка го изгубила вистинскиот ритам во моментот кога Макс Верстапен успеал повторно да го претекне во раната фаза.

Возачот на Ферари беше првиот од водечките кој влезе во боксот, преоѓајќи на тврди гуми уште во 13-тиот круг. Преку одличен „андеркат“, Хамилтон привремено ја презеде позицијата пред Верстапен, но веќе во следниот круг возачот на Ред Бул со агресивен маневар во првиот свиок го врати местото. Британецот посочи дека во тој момент се нашол во гужва со возачи кои заостануваат за цел круг, што дополнително му ја отежнало ситуацијата.

До самиот финиш седумкратниот светски шампион ја чуваше четвртата позиција, но казната за пречекорување на брзината во пит-лејнот го чинеше еден пласман подолу, па по додадените секунди заврши зад својот тимски колега Шарл Леклер. И покрај фрустрациите во Будимпешта, Хамилтон порача дека Ферари има причини за оптимизам и добра основа за вториот дел од сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.