Авто-мото Други спортови

Хамилтон лут на самиот себе по трката во Белгија: Вакви грешки се недопустиви!

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, не го скри разочарувањето од сопствениот настап на трката за Големата награда на Белгија. Иако заврши на четвртото место, Британецот смета дека сам си ја ускратил можноста да се бори за победа поради голема грешка пред квалификациите.

Хамилтон излета од патеката на самиот крај од последниот слободен тренинг и сериозно го оштети болидот. Поради тоа, механичарите мораа експресно да заменат голем број делови. Неговиот тимски колега Шарл Леклер се квалификуваше подобро, а подоцна преку виртуелното безбедносно возило стигна и до второто место на трката, веднаш зад победникот Кими Антонели.

„Не смеам да си дозволам вакви викенди кога е во прашање моето возење. Затоа за следната трка во Унгарија мора да го подигнам нивото на концентрација и да бидам целосно фокусиран“, изјави искусниот Британец.

И покрај грешката, четвртото место на патеката „Спа-Франкоршамп“ го искачи Хамилтон на второто место во генералниот пласман со 159 бодови. Ова е негова втора сезона во Ферари, во која доживеа целосен пресврт по катастрофалната 2025 година. За само 10 трки сезонава тој освои повеќе бодови отколку во сите 24 трки од минатата сезона, кога застана на скромни 156 бодови во најслабата година во својата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.