Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Хамес Родригез со пофални зборови за Роналдо: „Погледнете го на 41 година!“

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез повторно зборуваше со голема почит за својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. По натпреварот меѓу Португалија и Колумбија на Светското првенство 2026, искусниот плејмејкер откри дека и денес одржува блиско пријателство со португалската ѕвезда.

Хамес истакна дека за време на заедничките денови во Мадрид често бил гостин во домот на Роналдо и го опиша како исклучителен човек, но и како професионалец од кого може многу да се научи.

„Кристијано е голем пријател и вистински пример. Погледнете само во каква физичка форма се наоѓа и на 41 година. Тоа е резултат на огромна посветеност и дисциплина, а токму поради тоа му се восхитувам“, изјави Родригез.

Роналдо и на Светското првенство во 2026 година покажува дека годините не се пречка. Досега постигна два гола за Португалија, двата во убедливата победа од 5:0 над Узбекистан, со што уште еднаш ја потврди својата класа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.