Меѓународен фудбал Фудбал

Хамес Родригез е на чекор до италијански Авелино

Колумбиската фудбалска ѕвезда Хамес Родригез е пред враќање на европскиот континент, а негова следна дестинација би можела да биде италијанската Серија Б. По епизодите во Шпанија, Англија, Германија и Франција, 35-годишниот офанзивец се наоѓа во завршни преговори со екипата на Авелино.

По заминувањето од редовите на Минесота, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Баерн Минхен ги демантираше шпекулациите за заминување во пензија, истакнувајќи дека сè уште има мотив да игра на високо ниво. Клучен фактор за потенцијалната преселба во Италија е телефонскиот разговор со легендарниот Алесандро Неста, кој моментално го предводи Авелино. Неста лично му ги изложил своите амбиции на Хамес, гледајќи во него главен лидер во борбата за влез во елитата.

Доколку трансферот официјално се реализира, Родригез ќе стане еден од ретките фудбалери кои настапувале во сите пет водечки европски фудбалски земји, по епизодите во Евертон (Англија), Реал Мадрид и Рајо Ваљекано (Шпанија), Монако (Франција) и Бајерн Минхен (Германија). Авелино во моментов се наоѓа на седмото место во Серија Б, со само три бода заостанување зад лидерот Палермо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.