Кошарка Меѓународна кошарка

Халибартон разочаран од НБА: Се враќам по 16 месеци, а лигата не ме почитува!

Тајрис Халибартон наскоро се враќа на паркетот по пауза од дури 16 месеци поради тешката повреда и кинењето на Ахиловата тетива. Сепак, плејмејкерот на Индијана Пејсерс не го криеше разочарувањето кога го виде распоредот за новата сезона, бидејќи неговиот повратнички меч нема да се одигра пред домашната публика во Индијанаполис, ниту пак ќе се емитува на националната телевизија во САД.

Халибартон ја доживеа повредата во седмиот меч од историското финале во сезоната 2024/25 против Оклахома Сити Тандер. Гостувајќи во еден подкаст, тој истакна дека е шокиран од одлуката на НБА првиот натпревар да го игра на гости кај Њу Орлеанс Пеликанс без ТВ-пренос, прашувајќи се дали кој било друг играч со ваков статус би го добил истиот третман по толку долго отсуство. Наместо за Пејсерс, лигата за првите национални ТВ-термини ги избра дуелите меѓу Мајами и Минесота, како и пресметката на Лејкерс и Голден Стејт, додека Индијана ќе биде на национална телевизија дури за дуелот со Филаделфија предводена од Леброн Џејмс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.