Меѓународен фудбал Фудбал

Халанд завери четири Гинисови рекорди!

Ерлинг Халанд продолжува да ги помера сите граници во светскиот фудбал. Напаѓачот на Манчестер Сити и официјално ги доби сертификатите од Гинисовата книга на рекорди за четири неверојатни остварувања во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лигата на нации.

Најимпресивниот го оствари во англиското првенство, каде што за само 111 натпревари стигна до 100 постигнати голови, подвиг што ниту еден фудбалер пред него го нема остварено толку брзо. Покрај тоа, кај него е и рекордот за најмногу погодоци во една сезона од Премиер лигата, откако во дебитантската 2022/23 дури 36 пати ги тресеше мрежите.

Третото признание пристигна за репрезентативниот учинок во Лигата на нации каде што со 19 голови стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување, додека четвртиот рекорд го дели со Лионел Меси и Луиз Адријано за петте постигнати голови на еден меч во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Пред норвешкиот голгетер сега е нов предизвик во тимот предводен од Енцо Мареска, а веќе за два дена ќе има можност да дојде до првиот трофеј во новата сезона, против Арсенал во Комјунити Шилд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.