Ерлинг Халанд излезе во одбрана на селекторот Столе Солбакен по убедливиот пораз на Норвешка од Франција со 4:1 во групната фаза на Светското првенство. Норвежаните настапија со значително изменет состав, откако стручниот штаб направи голем број ротации и одмори неколку клучни фудбалери пред важниот дуел. Меѓу резервите останаа и Халанд, Мартин Одегард и Антонио Нуса, кои не започнаа од првата минута.
И покрај убедливиот резултат, Халанд смета дека исходот немаше да биде поинаков дури и со најсилниот можен состав на Норвешка, истакнувајќи дека Франција е далеку поквалитетен противник во моментов.
Тој нагласи дека францускиот тим има исклучителна длабочина и квалитет на секоја позиција и додаде дека тие се меѓу главните фаворити за титулата.
Поразот ја комплицира ситуацијата на Норвешка во групата, но во таборот владее став дека фокусот мора брзо да се префрли на следните натпревари.

