Норвешка и Франција маршираат со максимални шест бода на Светското Првенство, а Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе водат мртва трка за „Златната копачка“ со по четири гола. Сепак, пред меѓусебното дерби закажано за 26 јуни во Бостон, норвешкиот голгетер реши комплетно да го префрли притисокот кај противникот. По триумфот над Сенегал, тој испука изјава која јавноста веднаш ја прогласи за опасна психолошка игра и чист сарказам:
„Мислам дека го усреќивме секој Норвежанец во светот. Сега прво се враќаме во кампот на закрепнување, бидејќи тоа ни е премногу потребно по вака тежок натпревар. Франција? Не, сè уште немаме почнато со подготовки за нив. Не ме интересира Франција. Ние поминавме понатаму, а тие веројатно ќе нè победат и ќе го освојат целото првенство.“ – Ерлинг Халанд
Дали напаѓачот на Манчестер Сити е само реален или им спрема сериозна мундијалска замка на „триколорите“ додека им ласка, ќе покаже пресметката на теренот.

