Меѓународен фудбал Фудбал

Халанд и Шерки со по два гола донесоа убедлив триумф за Сити! (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Сити го запиша вториот триумф на стартот од новата сезона во Премиер лигата, откако славеше на гостувањето кај Кристал Палас со убедливи 4-1. „Граѓаните“ одиграа уште еден сигурен натпревар и сочуваа максимален ефект од шест бода по првите две одиграни кола.

Резултатот го отвори Ерлинг Халанд во 17. минута, постигнувајќи го својот прв првенствен гол во сезоната и прв по промената на фризурата. Во вториот дел на сцена стапи Рајан Шерки, кој со два погодоци во кус период од само пет минути, во 54. минута и 59. минтута, ѝ донесе убедлива предност на својата екипа, па така автоголот на голманот Џанлуиџи Донарума во 56. минута не донесе поголеми грижи за гостите.

Точка на натпреварот и печат на победата стави повторно Халанд со својот втор гол на мечот во 84. минута од средбата, поставувајќи ги конечните 4-1 за продолжување на победничкиот старт на Манчестер Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.