Репрезентацијата на Норвешка го заврши настапот на Светското првенство по поразот од Англија со 2:1 по продолженија. Најголемата ѕвезда на тимот, Ерлинг Халанд, истакна дека е исклучително горд на историскиот успех на неговата селекција.
Напаѓачот на Манчестер Сити беше незапирлив на овој Мундијал и постигна дури седум голови на четири натпревари. Против Англија тој немаше најдобра вечер, упати два удари и го напушти теренот по првото продолжение. По натпреварот, тој долго остана на теренот и бурно ги поздравуваше верните норвешки навивачи во Мајами.
„Ова беше едно лудо патување кое коренито ми го промени животот. Мислам дека дефинитивно ја зацртавме Норвешка на светската фудбалска мапа“, заклучи емотивниот Халанд.

