Меѓународен фудбал Фудбал

Халанд го симна Меси од врвот и постави нов рекорд во ЛШ!

Манчестер Сити доживеа кошмарна ноќ на сопствениот „Етихад“ откако актуелниот европски владетел Пари Сен Жермен ги однесе сите три бода во 2. коло од Лигата на шампионите. Сепак, во дебаклот на избраниците на Енцо Мареска, Ерлинг Халанд беше единствениот кој имаше огромна причина за лична радост.

Норвешкиот голгетер ги постигна двата гола за својот тим во 53. и 75. минута, со што го ублажи поразот, но и официјално изби на самиот врв на историската листа како најбрз фудбалер кој стигнал до јубилејната бројка од 60 голови во најелитното УЕФА натпреварување. За овој зачудувачки подвиг на Халанд му беа потребни само 60 натпревари.

Со овој рекорд, тој го остави зад себе Лионел Меси на второто место, на кого му беа потребни 80 меча за да ја достигне истата цифра. На оваа листа зад Норвежанецот се најдоа уште три големи фудбалски имиња, Роберт Левандовски (85 натпревари), Килијан Мбапе (89 натпревари) и Кристијано Роналдо (98 натпревари). Додека Сити бара начини брзо да го заборави овој неуспех, Халанд уште еднаш потврди за каква класа од играч станува збор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.