Меѓународен фудбал Фудбал

Халанд е „финансиски мотор“ во Премиер лигата

Ерлинг Халанд е најплатениот играч во Премиер лигата, покажува рангирањето објавено од „Л’Екип“. Напаѓачот на Манчестер Сити заработува 2,63 милиони евра месечно, а веднаш зад него е Мохамед Салах од Ливерпул со 2 милиони евра. Наведените суми се пред оданочување.

Кај тренерите, највисока месечна плата има Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 1.920.000 евра, пред Микел Артета (Арсенал) – 1.250.000 евра и Унаи Емери (Астон Вила) – 770.000 евра.

Во Топ 5 кај фудбалерите се наоаѓаат:

Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 2.630.000 евра
Мохамед Салах (Ливерпул) – 2.000.000 евра
Касемиро (Манчестер Јунајтед) – 1.750.000 евра
Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 1.750.000 евра
Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед) – 1.500.000 евра
Букајо Сака (Арсенал) – 1.500.000 евра

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести