Англискиот Хал Сити ги покажа големите амбиции за настапот во Премиер лигата откако официјално го потврди доаѓањето на Нобел Менди од редовите на Рајо Ваљекано. 21-годишниот сенегалски репрезентативец стана најскапото засилување во историјата на клубот, во трансфер вреден над 20 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.
Со овој потег, Хал за само неколку дена по вторпат го собори сопствениот трансфер-рекорд, откако претходно издвои 20 милиони фунти за грчкиот голман Константинос Цолакис од Олимпијакос. Младиот дефанзивец парафираше петгодишна соработка со можност за уште една дополнителна сезона.
Менди зад себе има импресивен развој, по почетоците во Франција, тој брзо се афирмираше во Шпанија носејќи ги дресовите на Бетис и Рајо Ваљекано, со кои играше и две последователни финалиња во Конференциската лига. Сенегалецот истакна дека доаѓањето во Англија е остварување на неговиот детски сон, порачувајќи дека е подготвен да ја донесе својата физичка сила, дефанзивна агресивност и квалитет во изнесувањето на топката во дефанзивната линија на новиот клуб.

