Хал Сити продолжува со огромните вложувања во новиот состав, а со последниот трансфер ја надмина границата од 100 милиони фунти потрошени во летниот преоден рок. Англискиот клуб го договори трансферот на 21-годишниот германски напаѓач Иљас Анса од Унион Берлин за сума од околу 21 милион фунти. Фудбалерот потпиша петгодишен договор и стана 13-то летно засилување за Хал Сити.
Со овој трансфер, вкупната сума потрошена за нови играчи надмина 100 милиони фунти, односно околу 116 милиони евра. Воедно, Анса стана најскапата продажба во историјата на Унион Берлин. Германскиот напаѓач потекнува од младинската школа на Падерборн, а во изминатите две сезони забележа 36 настапи за Унион Берлин и постигна пет голови.
Анса не го криеше задоволството по официјализирањето на трансферот и порача дека настапот во Премиер лигата е исполнување на неговиот голем сон. Хал Сити, пак, има одличен почеток на сезоната по враќањето во елитата. Тимот забележа две победи во првите две кола – против Манчестер Јунајтед со 2:0 и Ковентри Сити со 1:0. Со огромните инвестиции и дури 13 нови фудбалери, Хал Сити испраќа јасна порака дека има сериозни амбиции во Премиер лигата.

