Меѓународен фудбал Фудбал

Хал Сити го пречекува Јунајтед: „Ѓаволите“ го отвораат викендот во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед денеска го започнува својот пат во новата сезона 2026/27 од Премиер лигата, гостувајќи кај новиот премиерлигаш Хал Сити во првиот саботен термин, од 13:30 часот. „Црвените ѓаволи“ ја имаат фаворитската улога на ова гостување, пред сè поради разликата во квалитетот и амбициите, но во англиската елита ништо не е однапред загарантирано.

Тимот од „Олд Трафорд“ доживеа вистинска ренесанса во вториот дел од минатата сезона под водство на Мајкл Керик, изборувајќи пласман во Лигата на шампионите. По добрите изданија на летните пријателски натпревари, Керик истакна дека тимот е целосно подготвен за првиот официјален предизвик.

„Сè што работевме за време на подготовките сега е на тест. Знами дека нè очекува тежок меч, но подготвени сме за предизвикот и со нетрпение го чекаме почетокот“, изјави Керик пред денешното гостување.

Од друга страна, Хал Сити влегува во сезоната предводен од босанскиот стратег Сергеј Јакировиќ, чија примарна цел е да обезбеди опстанок во елитата. Ова ќе биде нивна прва меѓусебна пресметка уште од 2017 година, а дуелот ќе има посебно значење и за Хари Мегваер, кој за првпат ќе ги одмери силите против клубот од каде што оствари трансфер во Лестер пред речиси една деценија.

Во останатите дуели денес, од 16:00 часот ќе се сретнат, Евертон – Кристал Палас, Ипсвич –  Сандерленд и Нотингем Форест – Лидс Јунајтед, а нешто подоцна, во терминот од 18:30 часот, Брентфорд ќе го пречека Тотенхем за затварање на денешниот ден во Премиер лигата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.