Меѓународен фудбал Фудбал

Хајдук со пресврт го урна Ајакс за европски старт од соништата!

Фудбалерите на Хајдук Сплит приредија големо изненадување во првото коло од Конференциската лига, совладувајќи го Ајакс со 2:1 пред своите навивачи. Сплиќани одиграа одличен натпревар, покажаа карактер и заслужено стигнаа до триумф против еден од најпознатите европски клубови. По 16 години чекање на ваква европска есен, навивачите на Хајдук добија причина за славје, а домашниот тим со победа го означи почетокот на својата авантура во натпреварувањето.

Првото полувреме донесе изедначена игра, но Хајдук постепено презеде иницијатива. Притисокот се исплатеше во 37. минута, кога Марин Шотичек ја одзеде топката на средината од теренот и му асистираше на Бамба, кој прецизно реализираше за водство од 1:0. Aјакс успеа да израмни во 53. минута преку Дејви Класен, кој одлично ја искористи асистенцијата на Тило Керер. Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Само две минути подоцна, Шотичек ја искористи одличната реакција на Хајдук по одземената топка и погоди за ново водство на домашниот состав.

До крајот на средбата имаше обиди на двете страни, но резултатот не се промени. По десетминутен прекин поради пиротехнички средства на трибините, Хајдук успеа да ја сочува предноста и да стигне до значајни три бода. Бамба и Шотичек беа хероите на сплиќани, кои со овој триумф испратија силна порака уште на стартот од Конференциската лига.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.