Меѓународен фудбал Фудбал

Хајдук со извинување за однесувањето на „Торцида“

Иако Хајдук го совлада Ајакс со 2:1 во рамките на Конференциската лига, големиот историски триумф на теренот остана во длабока сенка на скандалозното однесување на домашните навивачи пред и за време на натпреварот.

Уште пред пристигнувањето на стадионот, дел од поддржувачите на „Торцида“ пееја скандалозни песни во кои се величаше Адолф Хитлер, се понижуваа Евреите и се споменуваа концентрациони логори. Хаосот продолжи и на трибините на „Пољуд“, а сѐ кулминираше во 77. минута кога поради голема бакљада натпреварот беше прекинат цели 12 минути.

По саботирањето на европскиот меч, со официјално соопштение и јавно извинување се огласи раководството на сплитскиот клуб:

„Хајдук секогаш стои зад своите навивачи кои со сите овие години ни даваа безрезервна поддршка, но кога ќе дојде до вакви ситуации, наша должност е да им се извиниме на сите кои дојдоа да го бодрат тимот, како и на илјадниците пред екраните. Упатуваме извинување и до организаторите на натпреварувањето, како и до управата и играчите на Ајакс. Се случи нешто на кое не сме горди, но како клуб сме подготвени да ја преземеме одговорноста. Оваа голема победа не смее да биде во сенка на настани за кои се надеваме дека никогаш повеќе нема да се повторат“, порачаа од Хајдук.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.