Меѓународен фудбал Фудбал

Хаџиевски ја напушти Спартак Варна веднаш по големата победа над Черно Море!

Спартак Варна и македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски официјално ја завршија соработката, откако искусниот тренер побарал неговиот договор со бугарскиот прволигаш да биде раскинат. Одлуката, како што соопшти клубот, е донесена по лично барање на Хаџиевски веднаш по победата во градското дерби против Черно Море. Во соопштението, раководството на Спартак истакна дека 70-годишниот тренер го презел тимот во еден од најтешките периоди за клубот, успевајќи да внесе стабилност, да го задржи тимот во елитата и повторно да го врати победничкиот дух.

Од клубот нагласуваат дека триумфот над големиот ривал Черно Море бил моментот што самиот Хаџиевски го избрал како најсоодветен за крај на својата мисија во Варна, сакајќи токму со тој успех да остане запаметен меѓу навивачите. Спартак Варна му се заблагодари на македонскиот тренер за професионалноста, посветеноста и искуството што ги вложил во клубот, посакувајќи му добро здравје и успех во иднина. Од бугарскиот клуб порачаа дека вратите на Спартак секогаш ќе останат отворени за Хаџиевски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.