И покрај големите амбиции, дебито на Милош Јаничиќ во УФЦ заврши несреќно поради повреда на ногата уште во првата рунда, што Французинот Ноа Гуњон го искористи за брза победа со гушење. Револтиран од изјавите на црногорскиот борец пред нивната пресметка во „Белградска арена“, Гуњон бурно го прослави триумфот и уште во октагонот истакна дека целосно го доминирал противникот и го реализирал својот план за агресивен напад.
Провокациите продолжија и на социјалните мрежи, каде што францускиот борец објави фотографии со кои го сумираше исходот од борбата. Посебно внимание привлече илустрацијата на која тигар дави змија, директна асоцијација на прекарот на Јаничиќ „Кобра“, со што Гуњон покажа дека нема намера брзо да ги заборави вербалните прозивки пред мечот.


