Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

ГРК Охрид без големи маки ја совлада Војводина

Охрид продолжува со одлични настапи, откако убедливо ја совлада Војводина со 29-19. Натпреварот беше дел од Регионалната лига, но истовремено се играше и во рамките на меморијалот „Крсте Андоновски“. Домашниот тим одигра одлично и заслужено стигна до убедлив триумф пред своите навивачи.

Охриѓани уште во првото полувреме воспоставија контрола и на пауза заминаа со 13-9. Во вториот дел предноста дополнително растеше, а Војводина успеа само накратко да се доближи на 22-18. Потоа следуваше серија од 7-0 на Охрид за убедливи 29-18, а конечниот резултат гласеше 29-19.

Голманот Дино Славиќ беше еден од најзаслужните за победата со 17 одбрани, вклучувајќи и три одбрани на седмерци. Мате, Иванковиќ и Ѓукиќ постигнаа по пет гола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.