Антоан Гризман имаше одличен старт на својата авантура во американската МЛС, откако постигна гол уште на дебитантскиот настап за Орландо Сити. Францускиот напаѓач беше еден од најзаслужните за убедливата победа на својот тим од 4:0 на гостувањето кај Сан Хозе Ертквејкс. Гризман се запиша меѓу стрелците на почетокот од второто полувреме, кога по одлична асистенција од Џастин Елис рутински ја затресе противничката мрежа.
Триесет и петгодишниот фудбалер неодамна пристигна во Орландо како слободен играч, ставајќи крај на долгогодишната кариера во шпанскиот фудбал. Претходно настапуваше за Реал Сосиедад, Барселона и Атлетико Мадрид, каде што ги мина најуспешните години од својата клупска кариера. Во дресот на француската репрезентација Гризман одигра 137 натпревари и постигна 44 голови, а беше еден од клучните играчи во освојувањето на светската титула во 2018 година.
Со новите три бода Орландо Сити продолжува да се бори за место во плејофот на Источната конференција, а дебито на Гризман им дава дополнителен оптимизам на навивачите за продолжението од сезоната.

